Joomla 1.7.2 на Македонски
- Детали
- Категорија: Верзии
- Посети: 255
Излезе новата Joomla 1.7.2 со неколку безбедносни подобрувања па се препорачува да надградите.
- Joomla 1.7.2
- Пакети за надградба од постарите верзии (нормално надградбата би требала да оди преку Менаџерот за надградби па полето Обнови и потоа најпрво пребарајте за обнова сината стрелка во круг горе десно па потоа селектирајте ја најдената обнова и кликнете наОбнови копчето горе десно. Ако е сè во ред обновата ќе заврши за неколку минути.)
- Joomla 1.7.2 со Македонски јазик, комплетна инсталација
- Македонски јазик за Joomla 1.7.2 со автоматска инсталација (Ако веќе користите некоја верзија на 1.7 со Македонски јазик, тогаш потребно е најпрво да го деактивирате Македонскиот јазик да не биде поставен јазик ниту за администрација ниту за страниците. Потоа појдете до Менаџерот за надградби, ако сте прешле на англиски јазик тогаш тоа е Extensions manager и потоа направете најобична инсталација како за нова надградба. Можете да ја копирате урл адресата на пакетот и да ја вметнете во полето за инсталирање надградби директно од урл, тоа е третото поле од горе. Потоа кликнете на Install и за неколку мига ќе имате надграден јазик. По успешната инсталација само појдете во Менаџерот на јазици, Language manager, и одберете го Македонскиот јазик за поставен.)
Ви нудиме и издание за локално работење, односно комплетен виртуелен сервер со веќе подготвена Joomla 1.7.2 на Македонски. Можете да го користите за локално учење и тестирање или за која и да ви текне намена.
Постапка:
- Распакувајте го пакетот.
- Активирајте го usbwebserver.exe
- Потоа кликнете на копчето Localhost, тоа ќе ви отвори прозорец во прелистувачот каде ќе ја добиете почетната страница на инсталација од Џумлата.
- Име на домаќин внесете localhost
- Корисничко име root
- Шифра usbw
- Име на база на податоци demo
- Потоа кликнете на копчето Понатаму, горе десно
- Пополнувајте според своите потреби и уживајте во новите страници.














