Печати

Објавена е Joomla 2.5.1

Објавена е Joomla 2.5.1.

Се работи за безбедносна верзија која надминува некои проблеми кои ги имаше со 2.5.0 и обновувањето на надградбите.

Истовремено е објавена и Joomla 1.7.5 верзијата која е исто безбедносна верзија и е наменета за оние кои од некои причини не можат да надградат/минат на 2.5.1.

  • Тука можете да ја преземете Joomla 2.5.1
  • Македонски јазик за Joomla 2.5.1 со автоматска инсталација (Ако веќе користите некоја верзија на 1.7 или 2.5.0 со Македонски јазик, тогаш појдете до Менаџерот за надградби и направете најобична инсталација како за нова надградба. Можете да ја копирате URL адресата на пакетот и да ја вметнете во полето за инсталирање надградби директно од URL, тоа е третото поле од горе. Потоа кликнете на Install и за неколку мига ќе имате обновена верзија на Македонскиот јазик.)
  • Тука можете да ја преземете Joomla 1.7.5
Печати

Joomla 2.5.0 на Македонски

Како што ветивме, еве ја комплет понудата за Joomla 2.5.0 на Македонски:

  • Joomla 2.5.0 со Македонски јазик, комплетна инсталација
  • Македонски јазик за Joomla 2.5.0 со автоматска инсталација (Ако веќе користите некоја верзија на 1.7 со Македонски јазик, тогаш потребно е најпрво да го деактивирате Македонскиот јазик да не биде поставен јазик ниту за администрација ниту за страниците. Потоа појдете до Менаџерот за надградби, ако сте прешле на англиски јазик тогаш тоа е Extensions manager и потоа направете најобична инсталација како за нова надградба. Можете да ја копирате урл адресата на пакетот и да ја вметнете во полето за инсталирање надградби директно од урл, тоа е третото поле од горе. Потоа кликнете на Install и за неколку мига ќе имате надграден јазик. По успешната инсталација само појдете во Менаџерот на јазици, Language manager, и одберете го Македонскиот јазик за поставен.)

Ви нудиме и издание за локално работење, односно комплетен виртуелен сервер со веќе подготвена Joomla 2.5.0 на Македонски. Можете да го користите за локално учење и тестирање или за која и да ви текне намена.

Постапка:

  1. Распакувајте го пакетот.
  2. Активирајте го usbwebserver.exe
  3. Потоа кликнете на копчето Localhost, тоа ќе ви отвори прозорец во прелистувачот каде ќе ја добиете почетната страница на инсталација од Џумлата.
  4. Име на домаќин внесете localhost
  5. Корисничко име root
  6. Шифра usbw
  7. Име на база на податоци demo
  8. Потоа кликнете на копчето Понатаму, горе десно
  9. Пополнувајте според своите потреби и уживајте во новите страници.
Печати

Објавена е Joomla 2.5.0

Joomla 2.5Да, објавена е Joomla 2.5.0.

Тоа е безбедносна верзија, но и надградба од Joomla 1.7 верзијата. (Се прескокнува од 1.7.х на 2.5.х)
Верзијата 2.5.0 е верзија со долготрајна поддршка (Long Term Support LTS) и ќе има поддршка најмалку 18 месеци.

Верзијата 1.7 ќе „замре“ по еден месец, на 24-02-2012. Сите корисници на верзијата 1.7 би требало да надградат до 2.5.0 пред тој датум. Надградбата е многу едноставна, се сведува на еден клик. Дали треба да надградите?

Во Joomla 2.5.0 има додадено и многу нови функционалности а Македонскиот јазичен пакет е на пат да биде готов :)

Дополнување: Пристигна Македонскиот јазичен пакет.

Печати

Joomla 1.7.3 на Македонски

Излезе новата Joomla 1.7.3 со неколку безбедносни подобрувања па се препорачува да надградите.

  • Joomla 1.7.3
  • Пакети за надградба од постарите верзии (нормално надградбата би требала да оди преку Менаџерот за надградби па полето Обнови и потоа најпрво пребарајте за обнова сината стрелка во круг горе десно па потоа селектирајте ја најдената обнова и кликнете наОбнови копчето горе десно. Ако е сè во ред обновата ќе заврши за неколку минути.)
  • Joomla 1.7.3 со Македонски јазик, комплетна инсталација
  • Македонски јазик за Joomla 1.7.3 со автоматска инсталација (Ако веќе користите некоја верзија на 1.7 со Македонски јазик, тогаш потребно е најпрво да го деактивирате Македонскиот јазик да не биде поставен јазик ниту за администрација ниту за страниците. Потоа појдете до Менаџерот за надградби, ако сте прешле на англиски јазик тогаш тоа е Extensions manager и потоа направете најобична инсталација како за нова надградба. Можете да ја копирате урл адресата на пакетот и да ја вметнете во полето за инсталирање надградби директно од урл, тоа е третото поле од горе. Потоа кликнете на Install и за неколку мига ќе имате надграден јазик. По успешната инсталација само појдете во Менаџерот на јазици, Language manager, и одберете го Македонскиот јазик за поставен.)

Ви нудиме и издание за локално работење, односно комплетен виртуелен сервер со веќе подготвена Joomla 1.7.3 на Македонски. Можете да го користите за локално учење и тестирање или за која и да ви текне намена.

Постапка:

  1. Распакувајте го пакетот.
  2. Активирајте го usbwebserver.exe
  3. Потоа кликнете на копчето Localhost, тоа ќе ви отвори прозорец во прелистувачот каде ќе ја добиете почетната страница на инсталација од Џумлата.
  4. Име на домаќин внесете localhost
  5. Корисничко име root
  6. Шифра usbw
  7. Име на база на податоци demo
  8. Потоа кликнете на копчето Понатаму, горе десно
  9. Пополнувајте според своите потреби и уживајте во новите страници.
joomla_transteam


Нутри Вита

Портфолио

The Joomla!™ name and logo is used under a limited license from Open Source Matters in the United States and other countries.TopNetMK is not affiliated with or endorsed by Open Source Matters or the Joomla! Project.