Македонски јазик за VirtueMart 1.1.x
- Детали
- Категорија: Продукти
- Посети: 688
Преземете го пакетчето и распакувајте го документот.
Ќе видите хиерархија од папки.
Најдете ги истите папки во вашата Џумла инсталација, обично ../administrator/components/com_virtuemart/languages/ и вметнете ги документите во секоја соодветна папка.
Најпрактично е префрлање со FTP менаџер (нпр. FireFTP)
VirtueMart автоматски го детектира јазикот, односно, кој јазик ви е поставен тој го одбира за користење. Значи ако ви е поставен јазик за администрација Македонски тогаш и администрацијата на VirtueMart ќе биде на Македонски.
Модул за прикажување на курсна листа од НБРМ
- Детали
- Категорија: Продукти
- Посети: 1759
Нашиот пријател Ѓоко МК ни го испрати овој модул за прикажување на актуелна курсна листа кој е прилагоден да ги зема податоците од Народна Банка на Македонија.
yvTransliteratе - SEO прекар за Вашите наслови
- Детали
- Категорија: Продукти
- Посети: 1207
Нашиот пријател Ѓоко МК сакајќи да придонесе за Џумла заедницата ни го испрати и следново:
„Добар додаток за автоматско создавање на прекар (Alias) на артиклите е yvTransliteratе. Ако наслов на Вашиот артикл е „Во чест на Тоше“ прекар ќе е „Vo-chest-na-Toshe“, ова е добро ако користите SEO поставки /Пријателско за пребарувачките машини URL.“
Додатокот можете да го преземете тука:
Напомена: Откако ќе го инсталирате, пред да го вклучите додатокот, во параметрите имате можност да го тестирате, да видите дали ќе функционира за Вашите страници. Потребно е да му одберете од кој јазик, нпр. Македонски, на кој јазик, најчесто Англиски, да напишете некој текст за транслитерација и кај Мод за дебагирање да одберете Да. Потоа активирајте го додатокот и кликнете на копчето Примени. Ако направената транслитерација на Вашиот пример Ве задоволува, тогаш исклучете го Модот за дебагирање и... со среќа користење.
Појаснување од Ѓоко МК:
Треба да имате Македонски јазик во Администрација .. многу битно.
com_eweather - компонента за Временска прогноза
- Детали
- Категорија: Продукти
- Посети: 1526
Нашиот пријател Ѓоко МК сакајќи да придонесе за Џумла заедницата се потрудил, сработил нешто и ни го испрати заедно со следниов опис:
„com_eweather е компонента за Временска прогноза која работи заедно со mod_eweather И двете се на Македонски.
Ако се симне mod_eweather мора да ја имате и компонентата но компонентата може да работи без Модулот.“
Преземете ги доколку Ви е потребно такво нешто на Вашите страници:
Повеќе за дискусија тука.














