Vote=Гласај
Ни стигна порака во која се посочува на проблемот при објавување анкета. Имено, и во најновата верзија на Џумла, кај копчето за гласање место „Гласај“ стои „Vote“.
Проблемот бил во тоа што во англискиот јазичен документ во en-EN.ini не е ставен стрингот „VOTE“ па автоматски тој недостаток се провлекува и во сите другојазични документи.
Сега, откако знаеме што е, лесно е решението:
- Потребно е да појдете во папката language која се наоѓа во главниот дел на Вашата Џумла,
- па да ја отворите папката mk-MK
- и во неа да го најдете документот mk-MK.ini (language/mk-MK/mk-MK.ini)
- отворете го со најобичен едитор
- појдете најдолу од текстот и во нова линија додадете:
- VOTE=Гласај
- Зачувајте и тоа е тоа.
Поправена е и комплетната инсталација која можете да ја преземете од кај нас.











