Трик за Мапа на страниците
Можете да имате Мапа на страниците во Вашата Џумла без да инсталирате некоја надградба.
Навистина? Како?
Модулот за мени веќе има сè што е потребно: тој во суштина е гранка од сите делови на системот. Единствено треба да го направите да изгледа како компонента.
- Создадете нов артикл и наречете го Мапа на страниците. Во делот за текст внесете
{loadposition sitemap} и зачувајте го. (слика) - Создадете нов дел од мени и наречете го Мапа на страниците и поврзајте го со истоимениот артикл. (слика)
- Во Менаџерот на модули направете нов модул за мени. За поврзано мени поставете го она мени кое сакате да го прикажете како мапа. (слика)
- Во полето за позиција на модулот внесете sitemap. Тоа, јасно, се однесува на позицијата која предмалку ја користевте во тагот {loadposition...}.
- Уверете се дека „Постојано прикажувај елементи од подменито“ и „Рашири мени“ Ви се поставени на „Да“, а потоа зачувајте го модулот. (слика)
- Додадете вакви модули за секое мени кое го имате.
- Сега би требало да имате убава Мапа на страниците. (слика) Можете да ја дотерате со CSS или, ако сте покреативни, да додадете папки со јаваскрипт.
- Пратете тука врска до Вашата Мапа на страниците за да види светот што сте направиле.











