Име на порталот во насловната линија
- Детали
- Категорија: Информации
- Посети: 1180
Joomla! во насловната линија на прелистувачот и на табот го става насловот на моментно отворената страница. Но многумина сакаат пред насловот на страницата да стои и името на порталот.
Пребарувајќи по официјалниот форум на Joomla! го најдов следниов код кој треба само да се вметне вo index.php на активниот шаблон веднаш по тагот <head>:
<?php
$document =& JFactory::getDocument();
$document->setTitle($document->title . " - " . $mainframe->getCfg('sitename') );
?>
<jdoc:include type="head" />
Вака се добива најпрво насловот на страницата а потоа додадено името на порталот.
Затоа е потребно да се направи следната измена:
<?php
$document =& JFactory::getDocument();
$document->setTitle($mainframe->getCfg('sitename') . " - " . $document->title );
?>
<jdoc:include type="head" />
Вака излезот е: Името на порталот - Насловот на страницата
Ако сакате друг знак да стои меѓу податоците место „-“ тогаш во кодот ставете го саканиот знак меѓу двата наводи: "знак"
Внимание: Линијата
<jdoc:include type="head" />
најчесто постои во шаблоните па не треба да ја внесувате повторно, затоа што таа смее да се појави само еднаш во кодот на страницата.














