Печати

Предложени измени во начинот на водење и барање за повратни информации од заедницата

На Заедничкиот состанок на водството (Joint Leadership Summit - JLS) одржан во Сан Хозе, Калифорнија од 29 до 31 јуни 2011, тема која доби многу внимание беше начинот на водење на нашиот проект. Надвладеа мислењето дека измени во начинот на водењето можат да ја зајакнат комуникацијата и соработката меѓу тимовите, како и да го подобрат надзорот и одговорноста за сите соработници и тимови. Предложените измени имаат за цел подобрување на продуктивноста и ангажираност на заедницата на сите подрачја на проектот.

Предлог измени на начинот на водење

Предлогот, кој се состои од три поврзани измени во начинот на водење, договорен е на JLS. Исто така, договорено е овој предлог да се претстави пред заедницата и да се побараат мислења и повратни информации:

  • Да се разреши Надзорниот одбор на заедницата (Community Oversight Committee - COC). Во моментниот начин на водење, COC е одговорен за именување и разрешување на членовите на одборот на организацијата Open Source Matters (OSM).
  • Да се формира нов управен одбор со ново име кое полесно ќе се поврзува со Joomla! проектот отколку сегашното име „Open Source Matters“. Основна одговорност на новиот управен одбор би била да се одреди општа стратегија и правец, како и да се пружи надзор и одговорност над сите новооформени извршни одбори (види следна точка).
  • Сите постојни тимови во проектот кои делуваат под надзор на Тимот за водење на продукцијата (Production Leadership Team - PLT), Тимот за водење на заедницата (Community Leadership Team - CLT) и OSM ќе бидат реорганизирани во низа одбори. Секој од тие одбори ќе делува под надзор на новиот управен одбор.

Предложен транзициски план

Предложено е сегашниот начин на водење да не се менува додека деветмина од сегашните водачи на проектите работат на дефинирање важни детали од новиот начин на водење на проектот. Деветмината водачи на проектот се составени од по три члена од PLT, CLT и OSM, каде секој од тимовите ќе одбере свои тројца претставници. Предложените измени, исто така, подразбираат дека деветмината одбрани ќе станат членови на новиот управен одбор (заедно со двајца кои ќе бидат одбрани вон водството на проектот) штом ќе биде усвоен конечниот план за промена на начинот на водење.

Први должности на деветмината водачи на проектот ќе бидат да се донесат следните одлуки:

  • Избор на име за новиот управен одбор
  • Истражување кои правни прашања треба да се решат во врска со промените на начинот на водење
  • Одредување услови за членови на одборот, како и постапка по која членовите на одборот можат да бидат разрешени и назначени
  • Одредување иницијален број на одбори кои ќе одговараат пред новиот управен одбор, кои одговорности ќе ги има секој од тие одбори и која постапка ќе се користи за можни создавања, распуштања и спојувања на одборите во иднина.
  • Одредување постапка со која од заедницата ќе се назначат двата дополнителни членови на одборот кои ќе се придружат на деветмината водачи во формирањето на првиот комплетен управен одбор, со идеја конечниот број на членови на одборот да продолжи да биде единаесет.

Следен важен чекор во постапката: Вашето мислење и повратните информации!

На JLS е одлучено дека е важно да се биде отворен и транспарентен во врска со овој предлог, како и да се ангажира заедницата повикувајќи ги членовите да го искажат своето мислење и повратните информации. Вашето мислење и повратните информации, како и оние од останатите членови на зедницата ќе бидат разгледани и земени предвид при донесувањето конечна одлука и отпочнувањето на планот за спроведување какви било промени во начинот на водење.

Ова е ваша шанса да придонесете за продолжување на растот и успехот на нашиот проект тако што ќе го искажете вашето мислење и повратни информации во расправите на страницата JPeople на темата Proposed leadership structure changes & request for community feedback.

Сакаме да знаеме дали се согласувате или не со предложените измени, или ако мислите дека се превидени некои важни детали. Ако не се согласувате со нешто, ве молиме да помогнете во расправата така што ќе предложите алтернативно решение! Колку и да сакаме да оставиме доволно време за конструктивна и учтива расправа за оваа важна тема, во еден момент постапката ќе мора да продолжи понатаму.

Затоа, земајќи го тоа предвид, расправата ќе биде отворена најмалку до 27 октомври 2011, но по тој датум постапката можеби ќе продолжи понатаму. Пред спроведување на каква било промена, водството на проектот ќе ја извести заедницата со повеќе детали за новиот начин и  статутите/актите на новиот одбор/организација.

joomla_transteam


Нутри Вита

Портфолио

The Joomla!™ name and logo is used under a limited license from Open Source Matters in the United States and other countries.TopNetMK is not affiliated with or endorsed by Open Source Matters or the Joomla! Project.