Нумерирање на следните Joomla верзии
- Детали
- Категорија: Информации
- Посети: 562
Откако беше поставено на гласење и преброено, одлучено е како ќе се нумерираат следните верзии на Joomla.
Сите верзии кои ќе имаат подолготрајна поддршка во траење од 18 месеци (LTS long term support) ќе бидат означени со Х.5, односно следната долготрајна верзија ќе се појави во јануари 2012 и ќе ја носи ознаката Joomla 2.5.
Сите верзии со стандардна поддршка (STS standard support) до 6 месеци, кои ќе се преодни фази меѓу долготрајните, ќе бидат означени со Х.0, Х.1, Х.2 ... односно следната верзија која ќе се појави ќе биде Joomla 3.0 и се очекува во јули 2012.
Нормално, меѓуверзиите, безбедносните надградби ќе си имаат нумерација по втората точка, на пример 2.5.1 или 3.0.2.
Останува да ја чекаме Joomla 2.5, а дотогаш пробувајте ја Joomla 1.7 верзијата и ако можете мигрирајте на неа, за да може потоа да ја користите погодноста на обновување на верзијата со еден клик.














