Печати

Брајан Тиман - До Joomla 2.5, неколку совети

Со дозвола од Брајан, еве ви ги пренесувам неговите, од искуство, совети за тоа како побезболно да минете од 1.7 на Joomla 2.5. Повелете:

Joomla 2.5 е објавена оваа недела и сакам јавно да им се заблагодарам на сите кои помогнаа со кодирањето и тестирањето на оваа верзија. Ова е навистина следниот голем чекор во животот на овој извонреден заеднички софтверски проект.
Процесот на обнова од Joomla 1.7 е многу едноставен процес со еден клик, но има неколку работи кои треба да ги направите веднаш по извршената обнова, за да се осигурате дека преминот е извршен успешно.
Се разбира, не треба да кажам дека треба да направите целосен бекап на сајтот пред да го започнете процесот на обнова.
Советите подолу треба да се следат по тој редослед.

Исчистете го кешот
Javascript библиотеките и CSS документите се обновени па и во двата дела, администраторски и кориснички, можете да добиете неочекувани ефекти. За да го решите ова, треба да го исчистите кешот на прелистувачот (не Joomla кешот) и да ја превчитате страницата. Со ова елементите како модуларните и кутиите за проверки ќе работат коректно.

Поправка на базата на податоци
Под некои околности, обновата со еден клик не е во можност да ги изврши малите промени во базата на податоци. Но не грижете се, Joomla лесно може да го реши ова. Треба само да кликнете на јазичето База на податоци, во Менаџерот на надградби, и измените да се извршат.

Нови додавки и модули
Понекогаш некои од новите додавки и модули може да не се достапни во вашата контролна табла. Поправката на базата на податоци би требала да го реши тоа, но секогаш мислам дека е подобро да се биде сигурен и да не се претпоставува ништо. Појдете до јазичето Истражи, во Менаџерот на надградби. Кликнете на Отрфли кеш во алатникот и потоа на Истражи. Ако некоја нова надградба се појави во листата, треба да ја селектирате и да кликнете на Инсталирај.
Забележете дека ако има некои додавки кои се истражени, најверојатно се инсталирани како Исклучени и треба да појдете до Менаџерот на додавки и да ги вклучите ако е тоа потребно.

Филтрирање HTML текст
Опциите за филтрирање текст се преместени од Менаџерот на артикли во глобалните филтри. Како резултат на тоа можеби ќе треба да проверите дали уште се активни сите текст-филтер опции кои сте ги имале. Дополнително, и многу важно, треба да појдете до текст-филтрите и да ги зачувате дури и ако не сте менувале ништо. Ова ќе спречи несакани ситуации каде целиот HTML е избришан од вашиот артикл кога го зачувувате истиот.

Javascript на предница
Кај многу сајтови луѓето користат скрипти за да го исклучат вчитувањето на Mootools на предницата од нивниот сајт. Ова може да биде направено како опција во шаблонот или преку додавка. Поради промените на начинот на кој се вчитува captions.js на предницата од сајтот, ако не вчитувате mootools тогаш може да киксне javascript-тата. АКО забележите необичности на предницата на вашиот сајт и ако веќе сте го исчистиле кешот на вашиот прелистувач и кешот на вашата Joomla тогаш превклучувањето на mootools ќе го реши ова.

Која верзија на Joomla ја имам?
Во подножјето на вашиот администраторски дел обично имаше порака за тоа која верзија на Joomla ја имате во моментот. Поради многу малка безбедносна опасност тоа веќе не е таму. Ако сакате да проверите која верзија на Joomla е инсталирана таа информација можете да ја најдете во менито Информации за системот. Не заборавајте дека сега имате иконка на вашата контролна табла која ќе ви каже ако има понова верзија на Joomla.

Забелешка: Од коментарите може да се види дека има некои проблеми кога обновувањето се врши преку ИЕ7.

Бонус: За оние кои сакаат „пешки“ да го направат обновувањето, еве едно видео како се прави обнова од Joomla 1.7 до Joomla 2.5.

Печати

Совети за обновување на верзија

Овие совети се за побезбедно и побезболно обновување на верзија од 1.7.х кон Joomla! 2.5, и секоја наредна :). Тие кои уште користат 1.5 а сакаат да минат на новата верзија ќе мора да мигрираат што е многу потежок чекор :(

  • Во Менаџер на надградби:
  • кликнете на Обнови;
  • потоа Отфрли кеш;
  • па Најди обнова;
  • Ако има, обновете ги прво сите надградби;
  • Преку менито Страница, па Одржување, па Исчисти кеш и Отстрани кеш исчистете го Џумла кешот;
  • Во Глобална конфигурација, па јазичето Систем, Кешот поставете го на Не - исклучено кеширање, додека да ја завршите обновата, потоа пак вклучете си ако ви е потребно;
  • повторно во Менаџер на Надградби,па Обнови, пак Отфрлете го кешот и кликнете Најди обнова;
  • одберете ја обновата и кликнете на Обнови (тоа е автоматско обновување);
  • откако ќе заврши, исто во Менаџерот на надградби ќе ви се појави ново јазиче База на податоци (тоа е нова функционалност во 2.5), кликнете го и проверете ја базата, би требало да е во ред;
  • инсталирајте го Македонскиот јазичен пакет (ако веќе го имате од претходната верзија новата инсталација само ќе го надогради, но ако сакате да бидете сигурни, можете прво да го одинсталирате стариот пакет па потоа да го инсталирате новиот јазичен пакет);
  • откако ги завршивте сите постапки, исчистете го кешот на прелистувачот кој го користите. Ова е МНОГУ ВАЖНО бидејќи некои JS и CSS документи се изменети. (JS со влијание на модуларноста, CSS со влијание на прикажувањето на контролната табла.
Печати

Треба ли да надградам до Joomla! 2.5?

До крајот на месецов се очекува да излезе Joomla! 2.5, верзија со долготрајна поддршка. Joomla! 1.0 е „умрена“ одамна, а Joomla! 1.5 „заминува“ во април оваа година. Сето ова го наметнува прашањето: Дали треба да го надградам мојот веб-сајт до Joomla! 2.5?

Пријателите од ThemePartner направиле дијаграм кој сликовито помага да се дојде до одговорот:

Треба ли да го надградам мојот веб-сајт до Joomla! 2.5?

Печати

Како до повеќејазичен сајт?

Joomla 1.7 дојде со интегрирана повеќејазичност, но не секому му е лесно да ја примени за да функционира без проблеми.

Затоа дел од Joomla! тимот се погрижи да направи повеќејазичен сајт каде тоа можете да го видите во пракса, како на предница така и во администраторскиот дел.

Се разбира, имате и објаснување како до повеќејазичност чекор-по-чекор на Македонски.

Бонус: Оние кои само сакаат да ја видат како изгледа Joomla 1.7 исто така можат да го искористат сајтот, да се најават во администрација и да добијат барем делумен впечаток за промените на подобро :)

joomla_transteam


Нутри Вита

Портфолио

The Joomla!™ name and logo is used under a limited license from Open Source Matters in the United States and other countries.TopNetMK is not affiliated with or endorsed by Open Source Matters or the Joomla! Project.