Сподели 1.0

Сподели 1.0 е додаток кој на Вашите артикли во подножјето ќе додаде кратенки до неколку популарни страници за споделување на информациите.
Потребно е само да го преземете додатокот, да го инсталирате на Вашата Joomla 1.5.x и потоа да го вклучите.

Повеќе...
 

Македонски радија 2.5

Модулот Македонски радија е надополнет со нови радија и сега преку него се достапни 30 Македонски радија кои емитуваат преку интернет.

Уживајте!

Share/Save/Bookmark
 

Проблеми со колоните кај верзии под 1.5.7

До верзијата 1.5.6 се појавува проблем со прикажувањето колони на некоја друга страница освен Насловната, односно ако прикажувате Блог приказ од Категорија.
Ако го имате тој проблем, тогаш неодложно надградете ја вашата верзија до 1.5.7 со помош на закрпата (Потребно е да ги замените постојните документи во вашата верзија со новите од закрпата. Се разбира дека тоа го правите на сопствена одговорност, па затоа најдобро е прво да направите копија од вашата постојна верзија пред да почнете со презапишувањето на новите документи.).

Во 1.5.7 тој проблем е решен со тоа што во параметрите за мени на Категорија има додадено поле Повеќеколонски редослед кое го регулира токму тој проблем. Повеќеколонски редослед дава можност колоните да се полнат надолу или напреку. Изборот Преку ги отстранува претходните проблеми.

НАПОМЕНА: Ако по надградбата имате проблематичен изглед на насловната страница, тогаш само отворете го нејзиното Мени и едноставно повторно зачувајте го.

Share/Save/Bookmark
 

Име на порталот во насловната линија

Joomla! во насловната линија на прелистувачот и на табот го става насловот на моментно отворената страница. Но многумина сакаат пред насловот на страницата да стои и името на порталот.
Пребарувајќи по официјалниот форум на Joomla! го најдов следниов код кој треба само да се вметне вo index.php на активниот шаблон веднаш по тагот <head>:

<?php
$document =& JFactory::getDocument();
$document->setTitle($document->title . " - " . $mainframe->getCfg('sitename') );
?>
<jdoc:include type="head" />

Вака се добива најпрво насловот на страницата а потоа додадено името на порталот.
Затоа е потребно да се направи следната измена:

<?php
$document =& JFactory::getDocument();
$document->setTitle($mainframe->getCfg('sitename') . " - " . $document->title );
?>
<jdoc:include type="head" />

Вака излезот е: Името на порталот - Насловот на страницата
Ако сакате друг знак да стои меѓу податоците место „-“ тогаш во кодот ставете го саканиот знак меѓу двата наводи: "знак"

Внимание: Линијата
<jdoc:include type="head" />
најчесто постои во шаблоните па не треба да ја внесувате повторно, затоа што таа смее да се појави само еднаш во кодот на страницата.

Share/Save/Bookmark
 


Страница 7 од 9
The Joomla!™ name and logo is used under a limited license from Open Source Matters in the United States and other countries.TopNetMK is not affiliated with or endorsed by Open Source Matters or the Joomla! Project.
Copyright © 2010 Топ Нет МК. Сите права се заштитени.
Joomla! е Слободен Софтвер објавен под GNU/GPL лиценцата.